17 годишната Милена пронајдена мртва во свињарник, мислеле дека ја убиле свињи, но потоа следел пресврт
Според регионалното обвинителство , осомничен е човек кој работел за нејзиниот татко. Дошол да ја уништи стоката во руското село Ушанка за да му се одмазди на таткото на несреќната тинејџерка бидејќи бил незадоволен од одлуките на работа, а кога ја затекнал како ги храни, ја удрил тинејџерката по главата со стап.Таа паднала, а тој побегнал од местото.
Нејзините родители отишле до градот, а бидејќи ќерката не им одговарала на телефонот, испратиле пријателка да провери дали е се во ред.
Ја нашла како лежи онесвестена и без пулс, а бидејќи била искасана, првата верзија била дека свињите ја нападнале и искасале до тој степен што искрварела.
Дури и нејзините родители потврдиле дека една од свињите била крајно агресивна и дека најверојатно ја убила.