Тепачка во управа за матични книги - вработен нападнал странка



Скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од вработен во Управата за водење на матичните книги, во Центар.

„На 25.10.2024 година во 12:05 часот во СВР Скопје, Н.Б. (44) од Скопје пријавил дека околу 11:00 часот во објект на Управата за водење на матичните книги, на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија бил физички нападнат од вработен во објектот“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.