Вооружен инцидент се случи попладнево во градот Скадар, северна Албанија, каде што најмалку три лица ги загубија животите, додека две други се тешко повредени и во животна опасност, според албанските медиуми.
Според информациите, инцидентот се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека до пукањето дошло помеѓу две возила во движење, при што едно возило со хрватски регистарски таблички било нападнато повеќепати, а потоа удрило во бетонска ограда, објави АБЦ њуз.
Меѓу повредените е и Арлинд Бушати (32), син на Џемал Бушати, поранешен кандидат за градоначалник од Демократската партија. На местото на настанот се присутни полициски сили и возила на брза помош.