Повторно пукање во Чаир, според полициски извори вчера вечер, на 27.10.2024 година во 22.55 часот пријавено е дека имало пукање од огнено оружје на на ул.Џон Кенеди позади маркет Кипер .
Од уводот на лице место на улица Пере Тошев утврдени се оштетувања од проектили на прозори од куќа и два автомобили Wolksvagen Arteon. Има оштетување и на соседната куќа. На место на настан пронајдени се повеќе чаури од автоматско оружје.
Според информации на Инфомакс се работи за лице добро познато на полицијата. Истото лице претходниот ден учествувало во физичка пресметка и се смета дека вчерашниот обид за негова ликвидација е со цел одмазда за неговото учество во физички напад.
Сторителите пукале за да го ликвидираат пред неговиот дом, но лицето имало среќа па се задскрило зад автомобилот и на тој начин си го спасило животот.