Сопругата на Тони Михајловски со објава која никого не остава рамнодушен: „По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна...


 Месецот октомври е меѓународен месец за подигање на свеста за ракот на дојката. Во оваа насока, се организираат разни кампањи, панели и дебати, со цел секоја жена да биде поинформирана и едуцирана, со надеж дека оваа болест ќе се намали.

Многу познати личности, но и секојдневни жени - мајки, пријателки, ќерки, кои се соочиле со оваа борба - јавно го споделуваат своето искуство и инспирираат со својата храброст.

Една од тие жени е Александра Јорева Михајловски, сопругата на актерот Тони Михајловски, која по пет години од нејзината дијагноза рак, со емотивна објава на Инстаграм ја сподели својата приказна. Во неа, таа раскажува за прегледите и долгиот пат низ кој минувала во текот на лекувањето.

„5 години од дијагноза канцер.
5 години со нов животен предизвик.
5 години со многу поминати скали и испешачени километри.
5 години во грч и паника на секои 6 месеци.
5 години адаптација на новиот живот, учење да се прифатиш себеси таков каков што си моментално, бидејќи секој ден си нова верзија од себе. Понекогаш успешна, понекогаш не. Понекогаш се сакав себеси, понекогаш не. Само едно знаев сигурно: дека морам да бидам силна, пред сè за себе, но и за моето мало дете од 8 години.

Во овој период, доаѓаа и си одеа луѓе, но вистинските секогаш беа тука. Исто така, тука беа и медицинските лица, како д-р Митко Ивановски, кој ме поддржуваше низ целиот пат; Дева Петрова со смирувачкиот глас, Милан Ристески кој секогаш ме насмевнуваше, и Билјана Огненоска која беше достапна 24/7 за секакви прашања. Наташа Чокревска и многу други кои го правеа овој пат поднослив.“

Александра им се заблагодари и на своите пријатели, својата верба, и пред сè на своето семејство. „И најголемото благодарам оди за себе!