Сите членови на Комисијата за помилување поднесоа оставки од своите позиции, објави професорот Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил.
„Ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на Комисијата за помилување. Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи,“ се наведува во неговата објава.
Членови на комисијата за помилување кај претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа д-р Методија Каневчев (претседател), проф. д-р Арлинда Кадри-Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска и Ајтен Шаќири.
На 22 октомври, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на десет осудени лица, при што на тројца казната затвор им се заменува со условна казна, а седум делумно се ослободуваат од издржување на останатиот дел од казните.
Меѓу помилуваните се и поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба со бесплатниот ученички превоз, Шенол Маслани уапсен во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога, Акиф Равманоски – член на наркокланот „Барон“, и Марјан Ефремов, првообвинет во аферата „Шпион“.