92 годишник со автомобил удрил во тројца пешаци, сите четворица завршиле со повреди


На 28.10.2024 околу 12:20 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Жеровјане патничко возило „Венто“ со тетовски регистарски таблици, управувано од Ј.Ф. (1992) од с. Жеровјане, удрило во пешаците И.С. (65) и О.С. (69) од с. Жеровјане и М.З. (66) од с. Теново.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Ј.Ф. и пешакот О.С., додека И.С. и М.З. се здобиле со полесни телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.