Славчо Попоски со најнова прогноза: На Балканот пристигнува вистинска зима која ќе донесе снег од над 30 сантиметри
Во ваква ситуација, над Италија и јужен Јадран ќе се формира секундарен циклонски систем кој во склоп со ладниот воздух во многу предели од Балканот ќе ги донесе првите снегулки во многу градови за оваа сезона.
Во поголем дел од Балканот барем со информациите кои располагам моментално ќе се формира и снежна покривка (од 5 до 10 cм, додека локално, и најпогодена од овој снежен бран би била погодена Босна и Херцеговина каде се очекува од 15 до 20 cm снег во градовите, а над 30 cm снег на планинските места).
Со овој ладен бран очекуваме и минусни температури, па така со ова го очекуваме и првиот сериозен мраз за оваа сезона.