ВИДЕО Голф и Мерцедес целосно смачкани по несреќа на бензинска, чудо е како преживеале!


 Синоќа се случила сообраќајна несреќа на бензинска пумпа во Велика Кладуша. Во несреќата учествувале „мерцедес“ и „голф“ кои по ударот практично налетале во бензинската пумпа.

Како што можете да видите на видеото, автомобилот марка „голф“ е целосно уништен, а штетата е целосна.


Со оглед на тоа дека автомобилот е целосно уништен, на многумина им е тешко да поверуваат дека возачот преживеал.

„Господ те спаси“, „Изгледа како стуткана лименка“, „Како има овде преживеани?“, напишаа луѓето под видеото.

Возачот на „голфот“ поради тешки повреди е пренесен во Кантоналната болница во Бихаќ, јавува Српскаинфо.

Полицијата изврши увид, а на местото на настанот интервенираа итните служби и пожарникарите кои помогнаа да се извлечат повредените.