Скопјани реагираат за гласните џамии: Барем во 4:35 наутро да не пеат на звучници!


 Проблемот со прегласните обреди на верските објекти во Скопје не е нов. Гласните звуци кои доаѓаат од дел од џамиите во главниот град е проблем кој повторно го актуелизираше еден твитерџија. 

- Во центар на главниот град на секуларна држава, со доминанто православно население, се слуша како трешти џамија.Не можам да го разберам толерирањето на верски објект што малтретира цел град, објави тој. 

- Време е сите да поднесеме преставки до народен правобранител, ова е класично нарушување на јавниот ред и мир. Немам ништо против вера, но звучници и појачала немаат врска со вера ни религија, затоа барем човечки договор е потребен барем во 4:35 наутро да не пеат на звучници! - се надополнува друг скопјанец.