(Вознемирувачко видео) Полицаец шутира и гази врз глава на човек кој лежи на земја на аеродромот во Манчестер

 Полицаец е снимен како шутира и гази врз глава на човек кој лежи со лицето кон земја на аеродромот во Манчестер. Видеото кое набрзина стана вирално предизвика гнев во јавноста и протести пред полициската станица во Рочдејл.

На снимката се гледа како униформиран полицаец како држи тизер над маж, пред двапати да го шутне во глава додека неговите колеги викаат по сведоците да не се приоѓаат.

Полицијата на Манчестер соопшти дека вооружени полицајци биле нападнати при обид да уапсат некој по тепачка на аеродромскиот терминал. Полицаецот кој го шутираше човекот по глава е тргнат од оперативна должност по инцидентот.

„Знаеме дека видеото од инцидентот на аеродромот во Манчестер, кое кружи по интернет, е навистина шокантно и оти луѓето со право се стражно загрижени. Употреба на таква сила при апсење е невообичаена и разбираме дека предизвикува негодување. Еден полицаец е тргнат од оперативни должности“, изјави виш службеник на полицијата во Манчестер.

Однесувањето на полицаецот ќе биде разгледано од Независна канцеларија за поведение на полицијата и ќе одлучи за наредните чекори.

Вооружени полицајци беа повикани на аеродромот во Манчестер по дојава за расправија меѓу граѓани, рече портпаролот на полицијата. Тројца полицајци биле соборени на земја во насилниот напад, при обид за апсење на еден од осомничените. Сите биле превезени во болница, а една полицајка се здобила со скршеница на носот.

Четири лица се уапсени под сомнение за нападот, напад врз вработен во Итната помош,л тепачка и попречување на полицијата.

Очевидец за „Би-Би-Си“ раскажа дека видел како полицајците му приоѓаат на маж на 20-тина години и му велат дека е барано лице. Потоа го притискаат до ѕид. Друг маж во тој момент тргна кон полицајците и настана тепачка. Човекот, кој бил притиснат до ѕид, почнал да удира, па против него бил употребен тизер по што паднал на земја.

„Тогаш полицаецот почна да го шутира“, наведе очевидецот.