Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на српската Жандармерија кој бил на безбедносна должност во израелската амбасада. Напаѓачот е убиен, а полицаецот е повреден.
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека нападот врз припадникот на Жандармеријата се третира како акт на тероризам.
„Специјалното обвинителство го презеде раководењето со случајот“, изјави Дачиќ пред новинарите во Ургентниот центар каде го посети повредениот полицаец.