НОВИОТ ДИРЕКТОР НА БЈБ, ЈАНЕВ: Непоколеблива борба против корупцијата, за враќање на довербата на граѓаните



 Владата на денешната седница, на предлог на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за нов директор на Бирото за јавна безбедност го назначи м-р Александар Јанев. Тој доаѓа на местото на д-р Сашо Тасевски.

На чинот на примопредавање на функцијата, директорот Јанев истакна дека неговата визија е подобрување на квалитетот на услугите на полицијата и засилување на безбедноста на сите граѓани.

Безбедност без компромис, со висок стандард на професионализам и посветеност на полициските службеници. Ќе работиме со интегритет и посветеност за подобрување на безбедноста на сите. Со дигитална трансформација ќе го оптимизираме користењето на технологијата, обезбедувајќи подобра комуникација и безбедност на информациите. Непоколеблива борба против корупцијата, со транспарентност и отчетност, со што ќе ја подигнеме довербата на граѓаните во полицијата“, потенцира Јанев.

Директорот Јанев нагласи дека мотото под кое ќе работи ќе биде: Ред, закон, интегритет.