Во СДСМ се гласа за избор на нов претседател. Веќе извесно е дека победник ќе биде Венко Филипче, кандидат кој важи за близок на експретседателот Зоран Заев. Тој беше носител на струмичко-прилепската изборна единица 4, каде што партијата имаше слаби резултати исто како и низ цела држава.
Победата на Филипче е очекувана дури и во внатрепартиските кругови во СДСМ. Се шпекулира дека токму тоа е причината поради која ексминистерката Славјанка Петровска се повлекла од трката. Извори од СДСМ брифираат дека ексдиректорот на ТИРЗ Јован Дсепотовски и ексзаменик-министерот во МИОА, Александар Бајдевски немаат свое гласачко тело и не уживаат висока доверба кај членството.
Петровска, пак, веќе обвини дека се злоупотребувале лични податоци на илјадници членови на СДСМ, без да прецизира на кој начин и од кого, како и дали поседува докази.
„На седницата на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на личните податоци на илјадници членови на СДСМ, кое продолжи и денеска“, рече Петровска.
Пратеничката во поткастот „Претрес со Ландов“ веќе посочи и дека другите учесници во трката за трнот во СДСМ, имаат поголема одговорност од неа за изборниот резултат.