Меџити прв вицепремиер, Алити за еврoинтеграции, Вреди со шест министри

 Изет Меџити, лидер на Демократско движење од коалицијата Вреди, ќе ја добие функцијата прв вицепремиер во влада што ќе ја состави мандатарот Христијан Мицкоски. Вреди ќе има и вицепремер, а европските интеграции ќе ги раководи Адмирим Халити.


Според порталот Журнал.мк, Вреди во Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводат двајца вицепремиери, од кои еден именуван како прв вицепремиер, како и шест министри во владата што ќе ја состави идниот мандатар Христијан Мицкоски. Според сознанјата од извори на коалицијата, денес и утре ќе се договара распределбата на функциите во вториот и третиот ешалон од власта.

Изет Меџити покрај функцијата прв вицепремиер ќе биде  министер за животна средина и просторно планирање.

Министер за здравство ќе биде Арбен Таравари, лидер на едното крило во Алијанса за Албанците.

Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмр Лимани, министер за интеграции, Адмирим Алити, а министерка без ресор и за добро владеење Бујаре Абази.