ФОТО: Уапсен попот Петко кој купувал кокаин и на големи христијански празници – приказна од рубриката „верувале или не“


 Петко Вуковиќ (42), свештеник од Србац, во неколку наврати купувал кокаин, кој дури и го набавил на празници со црвена буква во деновите на големите православни празници Свети Никола и Свети Јован!

Ова се наведува во документацијата од истрагата за случајот „Ескадрон“, пишува порталот АТВ кој имал увид во документацијата. Во него се вели дека Вуковиќ повеќепати купувал дрога од осомничениот Драгослав Јунгиќ (50) познат како Крек од Бања Лука за суми од 50 до 150 евра.

Свештеникот го потврди ова на сослушувањето како сведок, наведувајќи дека од Јунгиќ купил кокаин „непосредно пред Нова година“, како и „на 19 декември (Свети Никола) и на 20 јануари (Свети Јован)“.

Тој изјавил и дека на 29 февруари од Јунгиќ купил дрога за сума од 150 евра, а тој ден полицијата тајно го следела. Во документацијата стои дека Вуковиќ во станот на Јунгиќ дошол околу 18:40 часот со автомобил туарег. Во зградата се задржал десетина минути, а откако излегол полицијата продолжила да го следи неговото возило. Околу 19:00 часот го запреле на улицата „Милош Обилиќ“, а потоа пронашле и одзеле три пакетчиња со бруто маса од 0,6 грама, 0,56 грама и 0,59 грама кокаин.