Сакал да им ја потпали куќата во Валандово додека сопствениците биле внатре


 Валандовската полиција вчера претпладне во селoто Удово го уапсила К.Ш.(23) поради „предизвикување општа опасност“.

- Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото, соопшти МВР

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.