КАКО СЕ ПЕЕШЕ АЛБАНСКАТА ХИМНА ВО СООБРАНИЕ

 


На виралната објава која што е предмет на оваа рецензија споделено е видео од пратеник кој од пратеничката говорница ја рецитира албанската химна. Во објавата се тврди дека ова е пратеникот Африм Гаши. Гаши е пратеникот од сегашниот нов состав на Собранието, кој денеска беше изгласан за нов претседател на законодавниот дом.

Африм Гаши е пратеник од коалицијата Вреди во која што има неколку албански партии. Според коалицискиот договор на Вреди со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која што освои најмногу гласови на парламентарните избори кои што се одржаа пред три недели, на функцијата спикер на Собранието е назначен Африм Гаши. Гаши е член на партијата Алтернатива, а до пред неколку дена беше и нејзин лидер. Откако коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се договорија Гаши да биде претседател на Собранието, тој пред неколку дена, поради неспоивост со партиска функција, поднесе оставка од лидерското место во Алтернатива.

КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ