Силјановска за венецот во Рим: Кратка била лентата, немало место за името на државата

 



По скандалот што на 24 мај претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова го приреди со положувањето на венец пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј која се наоѓа во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, со лента на која не стоеше името на државата, претседателката вели дека била кратка лентата немало доволно место.

„Не мислам дека тоа е некаков проблем, ниту негирање на државата, ниту Македонија. Се знае кои сме и ние и која е делегацијата“, кажа Сиљановска во изјава за медиумите.

Советниците во кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова и самата таа разговарле што требало да пишува на венецот. Како резултат на овие дискусии останало само нејзиното име. Затоа што лентата била мала и немало место за зборот Македонија. Таа мислела дека можело да стои РС Македонија.