СОСТАВОТ НА НОВАТА ВЛАДА ПРЕД ФИНАЛЕН ДОГОВОР - ЕВЕ КАКО СЕ ПОДЕЛЕНИ МИНИСТЕРСТВАТА

 

Составот на новата влада е пред финален договор, дознава КУРИР од извори на ВМРО-ДПМНЕ.

Она што дознаваме е дека во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија остануваат МВР, Министерство за финансии, Транспорт и врски, Образование и наука, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделство, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива Министерството за животна средина, министерството за здравство, министерството за социјална политика, демографија и млади, министерство за економија и труд заедно со секторот Евроинтеграции како и уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на Вреди.

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.

Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.