Ахмети не открива дали ќе го поддржи изборот на Гаши, Апасиев не дава поддршка Албанец да биде спикер

 


Претседателот на партијата Левица Димитар Апасиев со изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието очекува косоваризација на државата. Ваква изјава тој даде пред денешната конститутивната седница на која ќе се верифицираат мандатите на новите пратеници и ќе се избере претседател на Собранието, кој, според договореното помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе биде Африм Гаши, довчерашниот претседател на Алтернатива.

На новинарско прашање дали ќе го поддржат изборот на Гаши, тој одговори дека тие би дале поддршка на ВМРО-ДПМНЕ Албанец да не биде претседател на Собранието.

– На ВМРО-ДПМНЕ ќе им дадеме поддршка на невидено само Албанец да не биде претседател на Собранието. Противуставно е да се претседава на друг јазик во Собранието, а тоа значи дека и натаму ќе се применува излегалниот закон за двојазичност – рече Апасиев.

На прашањето што доколку Гаши претседава на македонски јазик, Апасиев одговори „ако претседава на македонски јазик може да правиме муабет“.