Вештачката интелигенција ја состави идеалната Македонија – Панчев е најдобар!

 

Вештачката интелигенција зема голем замав во светот и се користи на секое поле. Знае да дава и одговори на многу прашања со цел да му помогне на човекот, а се користи и за креативни работи.

И во светот на спортот пристуна е вештачката интелигенција. Популарната „Chat GPT“ може да составува и идеални тимови на репрезентации и клубови, а ја запрашавме да ја состави идеалната Македонија со играчи од 1991 па до денес.

  • Изборот на вештачката интелигенција е следен:

Голман: Томе Пачовски
Одбрана: Горан Ставревски
Одбрана: Гоце Седлоски
Одбрана: Николче Новески
Одбрана: Бобан Бабунски
Среден ред: Артим Шаќири
Среден ред: Величе Шумуликоски
Среден ред: Горан Пандев
Среден ред: Влатко Грозданоски
Напад: Дарко Панчев
Напад: Ѓорѓи Христов

Според вештачката интелигенција, најдобар фудбалер во историјата на Македонија е Дарко Панчев, додека за најголем талент кој се појавил во изминатите години е Елиф Елмас.