Четворица Американци биле приведени вчера наутро откако агресивно се однесувале кон полициски службеници.
„На 27.04.2024 во 05.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.Т.Ц.(27), А.Ј.М.(25), Д.М.(24) и М.А.Ј.(24), сите од САД, поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија која преминала во физичка пресметка, а дел од нив агресивно се однесувале и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.