Маричиќ: Силјановска-Давкова планира да ги амнестира тие кои беа подготвени и за ликвидации на 27 април

 


„Толпа националисти, меѓу кои и Христијан Мицкоски, тргнаа во безумен насилнички обид да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците од нивните мрачни амбиции. Отидоа до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план, беа подготвени и за ликвидации“ рече Бојан Маричиќ на годишнината од упадот во Собранието на 27 април.

Тој додаде дена токму нив сега, кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова планира да ги амнестира.

„Наспроти тоа, ние не дозволивме да бидат погазени слободата и демократијата и не дозволивме омразата и насилството да поттикнат братоубиствена и меѓуетничка војна. Со разум и присебност на мнозинството од пратениците, храбро спречивме безумието да заврши со трагични последици“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека наспроти партиајта со автократско лице, која денес повторно се заканува да поведе нов режим СДСМ презеде државнички чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии.

„Така, за само неколку години, во ова Собрание, од крвави сцени и обиди за ликвидации на избраниците на народот, стигнавме до гордо кревање на македонското знаме и знамето на НАТО“ рече Маричиќ.