СЕ ПОЈАВИ СТАРА СЛИКА ОД БОКИ 13: ВАКА ИЗГЛЕДАЛ ПРЕД ОПЕРАЦИИТЕ

 


Шоуменот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, повеќе од една деценија ја заинтригира домашната јавност.Имено, откако Боки и е познат на јавноста, тој помина низ неколку фази на менување на својот изглед, а на социјалните мрежи се појави негова слика од неговите млади денови.


Јавноста го знае како русокос, но неговата коса е всушност кафена, а освен тоа, лицето му е многу променето поради пластичните операции.Она што може да се види од оваа фотографија е дека тој ги зголемил усните и имал операција на јаготките, ако не и нешто друго на лицето.Објавата доби бројни коментари на социјалните мрежи, а многумина беа на мислење дека Боки порано изгледал подобро.„Каков шмекер бил“, „Воопшто не личи на себе“, „Треба да размисли да си го врати стариот изглед“ се само некои од нив.