Пред околу една недела во манастирскиот комплекс непознати сторители поставија знаме на Албанија на куполата на црквата и знаме на ОНА на бандера на влезот на Калето
соопшти Тетовско-гостиварската епархија.
Полицијата трага по сторителите што поставија знаме на Албанија на црквата „Свети Атанасиј“ во Тетово.
Тетовско-гостиварската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека непознати лица направиле упад на манастирскиот имот „Свети Атанасиј“ на Тетовското кале, при што во црквата биле искршени сите прозорци, со што е направена сериозна материјална штета.
„Ова е време на големиот пост кога христијаните се подготвуваат за Христовото Воскреснување, а нашите сограѓани муслимани се во рамазански пости, па оттаму сметаме дека ова би требало да е време за преиспитување, созревање и будење на човечност“,
Овој упад следува откако пред нешто повеќе од една недела непознати сторители поставиле знаме на Албанија на куполата на црквата и знаме на ОНА на бандера на влезот на Калето.
На крајот на ноември лани во Тетовско, на Попова Шапка се случи сличен инцидент. Тогаш две маскирани лица го симнаа знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) од јарболот во дворот на манастирскиот комплекс „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка и на негово место го поставија знамето на Албанија.