НАЈНОВА АНКЕТА : КОЈ БИ БИЛ ПОБЕДНИК НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

 Агенцијата Воут Марк во последната недела од февруари спроведе анкета за престојните избори. Левица се приближува до рејтингот на ДУИ, разликата е околу 1.3%. Партијата ,,ЗНАМ" предводена од Максим Димитриевски со одлични резултати.

Анкетата покажува дека на следниве избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 20.1%, додека пак за СДСМ поддршка би дале 13.8% од граѓаните. За ДУИ би гласале 6.5%, додека пак за ЛЕВИЦА би гласале 5.2%, ова е голем скок за ЛЕВИЦА во споредба со предходните парламентарни избори. Албанската коалиција ,,ВРЕДИ" би добила 6.1% од гласовите. За ,,ЗНАМ" партијата предводена од Максим Димитриевски би гласале 4.4%.

Не би гласале 18.3%, додека пак 15.4% одбиваат да одговорат, а 10.2% уште немаат одлучено за кој би гласале.

Мнозинстово граѓани сметаат дека ВМРО ДПМНЕ е партијата која што има најголем капацитет за водење на државата. Левица е  партијата што има зголемување на рејтингот во однос на последните избори, се очекува да освојат од 5 - 8 пратенички места.

Анкетата е направена на 1000 испитаници и има маргина на грешка плус минус 3%.