Објавена снимка на која наводно се гледа малата Данка – полицијата проверува (ФОТО)




 Нова трага во истрагата за исчезнатата Данка Илиќ се појавила утрово во три и пол часот по полноќ, кога полицијата добила информација дека девојчето е видено во Виена во придружба на две жени романски државјани. Српските медиуми објавија и снимка од девојче за која се сомничи дека е исчезнатата Данка Илиќ.

Девојчето кое личи на исчезнатата Данка Илиќ е снимена во Виена во придружба на две жени. Интензивно се работи на идентификација и лоцирање.

Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото.