Заложничка драма од утрово трае во кафуле во градот Еде во Холандија во која може да бидат вклучени оружје и експлозиви.
Полицијата веќе евакуирала 150 домови.
Портпаролот на полицијата изјавил дека ситуацијата е „дефинитивно сериозна“, пренесува Танјуг. Полицијата постави неколку кордони и неколку специјални единици се присутни во центарот на Еде, пишува NL Times. Евакуираните жители ќе бидат сместени во градското собрание, изјави портпаролот на општината.
Полицијата на платформата Х изјави дека е можно во инцидентот да е вмешано лице кое претставува опасност за себе и за околината и ги советува жителите да останат дома и да го избегнуваат центарот на градот Еде, кој се наоѓа во провинцијата од Хелдерленд.