Ова е првпат во современата грчка историја конзервативна влада да спроведе либерална реформа - против волјата на православната црква и против волјата на многу нејзини гласачи и пратеници. По многу страсна дебата, грчкиот парламент во четвртокот вечерта (15.02.2023) усвои нацрт-закон со кој се легализираат истополовите браковиЗа него гласаа 176 од 300 пратеници. Ова ја направи Грција првата земја со православно мнозинство што легализираше хомосексуални бракови
„Од вечерва Грција е горда што е 16. земја во Европската Унија која ги усвои законите за брачна рамноправност. Ова е пресвртница за човековите права“, објави премиерот Кирјакос Мицотакис на мрежата Икс по гласањето во парламентот. Организацијата „Виножито фамилии“ напиша: „Ова е ден на радост“.