ОВАА КРВНА ГРУПА Е НАЈОТПОРНА НА МОЗОЧЕН И СРЦЕВ УДАР

 Познато е дека секоја крвна група има одредени предности и недостатоци, како и влијание врз здравјето на поединецот во поширока смисла. Сепак една крвна група е особено отпорна на разни болести. Станува збор за нулта крвна група, која може да придонесе и за долговечност, тврдат научниците.

Докажано е дека луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, како и помала веројатност да заболат од одредени видови рак, како што се рак на панкреасот и рак на желудникот.

Една од досега откриените причини зошто нултата крвна група е најздрава е тоа што крвта од овој тип содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести значи поголема шанса за долг живот.