Еве кој е новиот водач на групата од Грчец, додека Шеваљ Муареми е во бегство

На чело на групата од Грчец беа Шеваљ Муареми,Орхан Бајрами Оки и Јетон Кривањева викан Жила, но по убиствата на Орхан и Јетон, Шеваљ остана единствениот водач и организатор на групата. Во полициска акција пред неполн месец беа уапсени 6 лица, но Шеваљ Муареми успеа навреме да ја напушти државата и да се засолни во Дубаи од каде што и објавува слики на ТикТок. Полицијата распиша потерница по него но до овој момент тој не е пронајден.


Додека он е во бегство негова замена во Македонија е Мухамед Далипи викан Руди Кудаме, подржувачите на социјалната мрежа ТикТок веќе го прогласија за нов лидер.