Неконтролиран сателит денеска ќе падне на Земјата

   Сателитот, кој е надвор од контрола, се очекува да прелета низ атмосферата на Земјата во среда наутро, речиси 30 години по неговото лансирање. 


Познат како ERS-2, сателитот би требало да се распадне на парчиња при повторното влегување во атмосферата, од кои повеќето ќе изгорат, објави Sky News. Со оглед на тоа дека повторното влегување во атмосферата е „природно“, односно неконтролирано од луѓето, невозможно е точно да се предвиди кога и каде ќе се случи, објави Европската вселенска агенција (ESA).