Ковачевски: СДСМ нема да го поддржи Ахмети

 Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски  изјави дека нема да му даде поддршка на Ахмети доколку реши да се кандидира за претседател.

Можноста Ахмети да влезе во претседателската трка ја најави Груби на социјалните мрежи.

ВМРО-ДПМНЕ својот кандидат ќе го официјализира на конвенцијата на 2 март, а до овој момент, најголеми шанси имаат професорите Силјановска и Спасеновски. Но, тоа не ја спречува опозицијата уште отсега да ги промовира проектите кои планира да ги реализира по изборите

Во СДСМ, по проблемите со пасошите Спасовски се чини има се помалку шанси да влезе во претседателската трка, па според неофицијалните информации, битката се води меѓу Пендаровски и Шеќеринска. 

Свои претседателски кандидати најавија и Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски.

На парламентарните избори веќе е познато дека Мицкоски и Ковачевски ќе си ги одмерат силите во првата изборна каде своја кандидатура најавија и Апасиев од Левица но и скопската градоначалничка Арсовска која од неодамна е лидер на партијата Нова Алтернатива.