ШТО ПОКАЖУВААТ ПОСЛЕДНИТЕ АНКЕТИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ ПОБЕДНИК НА ИЗБОРИТЕ ???

    Агенцијата Воут Марк во првата недела на февруари спроведе анкета за престојните избори. Левица се приближува до рејтингот на ДУИ, разликата е помалку од 1%.


Анкетата покажува дека на следниве избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 20.9%, додека пак за СДСМ подршка би дале 13.8% од граѓаните. За ДУИ би гласале 7.4%, додека пак за ЛЕВИЦА би гласале 6.5%, ова е голем скок за ЛЕВИЦА во споредба со предходните парламентарни избори. Потоа следат БЕСА со 3.1%, Алијанса 2.2%, Демократско движење на Изет Меџити со 1.3 % и Алтернатива со помалку од 1%. Не би гласале 18.2% додека пак 15.4% одбиваат да одговорат, а 10.2% уште немаат одлучено за кој би гласале.

Мнозинстово граѓани сметаат дека ВМРО ДПМНЕ е партијата која што има најголем капацитет за водење на државата. Левица е единствената партија што има зголемување на рејтингот во однос на последните избори, се очекува да освојат од 5 - 8 пратенички места.

Анкетата е направена на 1000 испитаници и има маргина на грешка плус минус 3%.