КОЈ СОБРА НАЈМНОГУ ПОТПИСИ ВО ПРВИТЕ 2 ДЕНА - Османи, Димитриевски и Ванковска имаат најмногу номинации од граѓаните

 Според информациите од ДИК, засега најмногу потписи има собрано претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, и тоа 5.405 потписи.

По него следи Максим Димитриевски од ЗНАМ, со 3.613 потписи. 

Професорката Билјана Ванковска која е кандидат на Левица досега има собрано 2.758 потписи. 

За градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски во првите два дена од собирањето на потписите се потпишале 1974 лица.

Вело Марковски има 249, а кандиатот на Алијанса Арбен Таравари кој подоцна почна со собирање засега има 246 потписи.

Ѓорги Манасков има 59, а Господин Поповски засега има 10 потписи.


Претседателските кандидати на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска ќе бидат педложени со потписи на 30 пратеници.