СДСМ преку соопштение најави дека во нивниот нов мандат просечната плата ќе биде 1000 евра, додека пак минималната ќе биде 600 евра. Според нив, ова е достижно и остварливо. Со правилните политики кои СДСМ ги води во интерес на граѓаните.
– Тоа и веќе се докажа со рекордно покачување на просечната плата која е 40.000 денари, – велат од СДСМ и додаваат дека СДСМ ги остварува ветувањата на граѓаните, а така и го започна својот прв мандат, со ветување за зголемување на просечната плата од 500 евра, која достигна уште поголем износ од 650 евра. – Тука не застануваме, затоа што платите на граѓаните ќе продолжат секојдневно да растат, – се вели во партиското соопштение.