Илон Маск објави на платформата ,,X'' дека неговата компанија Neuralink успеала да вгради чип во човечки мозок на лице кое не можело да ги движи своите екстремитети.
„Првите резултати покажуваат ветувачки нервни импулси и пациентот добро закрепнува“, објави Маск.
Neuralink е компанија чија цел е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и со тоа да се помогне во решавањето на тешките невролошки состојби. Neuralink е првата компанија која што успеа да го направи ова, иако има и голем број други компании кои во минатото имаа слични обиди.
Во мај, Neuralnik доби дозвола од Управата за храна и лекови да може да го тестира чипот на луѓе. Пред тоа овој чип беше тестиран на мајмуни кои со помош на нервни импулси тие можеа да прават едноставни задачи како да придвижуваат карактер во форма на топка во видео игра.