Ова ќе биде трета техничка Влада и прв премиер Албанец

 Првата техничка влада беше формирана во 2016 година тогаш таа беше наречена Пржинска Влада. Преговори се водеа меѓу четирите најголеми политиички партии меѓу кои беше постигнат Пржинскиот договор со кој беше одлучено последните 100 дена да се форимара преодна влада.




Со договорот се предвидуваше техничкиот премиер да биде од редовите на владејачката партија, но тој да не биде истата личност која што ја предводела политичката влада. 

Техничката влада има мандат да ги спроведе изборите, а во тој период не се дозволени објавувања на тендери, давање субвенции, вработувања и се она што би можело да има влијание во корист на изборна кампања. Затоа е предвидено во техничката Влада, опозицијата да номинира свои кадри за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри во земјоделство, финансии како и за министерството за информатичко општество и администрација. Владејачката партија поставува дополнителни заменици министри во внатрешни работи и во труд и социјална политика како што опозицијата има министри. Во овие пет ресори каде во министерствата се поставени кадри од власта и опозицијата технички министри и дополнителните заменици министри имаат обврска на заедничко одлучување и врзани потписи а споровите меѓу нив ги решава Државната изборна комисија која за време на двете претходни технички влади и во 2016 и во 2020 имаше многу работа.