Голема полициска акција во Грчец



Полициски екипи утрово вршат претреси и приведуваат членови на криминална група од скопското село Грчец.

Надлежните потврдија дека во тек е акција и дека станува збор за членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.

Неофицијално претреси, се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.

Акцијата е во организација за гонење организиран криминал и корупција и соодветен дел на МВР, а детали се најавени по завршување на оперативните активности.