Франција е нов европски првак во ракомет

   Репрезентацијата на Франција успеа да ја совлада репрезентацијата на Данска и стана нов европски шампион, Франција и Данска одиграа неизвесно натпревар кои што во регуларниот дел заврши 27:27, но по продолженија французите славеја со 33:31.


    Најдобар стрелец на утакмицата беше данецот Микел Хансен со 9 погодоци, со по 8 погодоци го следеа Матиас Гидсел и Лудовик Фабрегас. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Недим Ремили. Актуелниот светски шампион не успеа да се избори за победа па така ќе мора да се задоволи со сребро, додека пак првакот на Европа од минатото првенство, Шведска, го освои бронзениот медал. Домаќинот Германија заврши на 4то место.