Сообраќајната полиција во изминатото деноноќие спроведе засилени акциски контроли на територија на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената при што санкционирани се 139 возила. Од нив 8 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, додека пак 3 возила се движеле со брзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
МВР инфоримира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во текот на наредните денови. Се апелира до сите учесници на сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.