Едно лице на возраст од 42 години го загуби животот, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Битола – Демир Хисар.
Во сообраќајката учествувал автомобил марка ,,Пежо" и патничко комбе,загинатиот бил совозач во автомобилот.
Во изјава за МИА, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека веднаш по сообраќајката, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во сообраќајката. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави за Ивановска.