Страшна вест: Се запали автобус со навивачи на Барселона

 Во Бриж вечерва избувна пожар во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“, јави белгискиот јавен сервис ВРТ. За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

Настанот се случил додека автобусот се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што се одржува натпревар од Лигата на шампионите меѓу домашниот тим „Бриж“ и гостите од „Барселона“.

Според информациите од полицијата, пожарот настанал поради пиротехнички средства кои ги носел еден од навивачите на „Барселона“. Тој е идентификуван и приведен, а засега не се соопштуваат повеќе детали околу начинот на кој дошло до пожарот.

Descriptive Alt Text

Брзата интервенција на брижската противпожарна служба спречила поголема штета, а автобусот бил целосно изгаснат за кратко време. Властите најавија дека ќе спроведат дополнителна истрага за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.