СЕКС СКАНДАЛ: Градоначалникот Трајан фатен на дело во жешки пози со колешка

 Во последните два дена, романската јавност е вознемирена од скандал што го потресе градот Ливадела. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои, наводно, се гледа градоначалникот Трајан Симионка во компромитирачка ситуација со негова вработена од градското собрание.

Снимките, кои брзо се раширија на интернет, прикажуваат сцени што личат на сексуален чин, но засега не е утврдено дали станува збор за доброволна врска или за можен случај на злоупотреба. Контроверзијата дополнително се засили откако фотографиите, според наводите, биле објавени во WhatsApp приказна на самиот градоначалник, проследени со пораката „Љубовна врска“. Иако содржината исчезнала по 24 часа, бројни корисници направиле снимки од екранот кои брзо станале вирални.

Линк од видео

По јавниот притисок, градоначалникот Симионка ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека фотографиите се лажни и дека станува збор за манипулација направена со помош на вештачка интелигенција.

„Тоа е видео од кое се извлечени неколку слики. Ќе се открие кој ги направил снимките од екранот. Сè може да се измисли со вештачка интелигенција“, изјави Симионка за локалните медиуми, пренесува HotNews.ro.

Тој додаде дека во времето кога наводно бил снимен инцидентот, канцеларијата била отворена и дека ништо сомнително не се случило. „Не знам кој го направил тоа. Девојката потврди дека ништо не се случило“, нагласи градоначалникот.

Во меѓувреме, романската полиција отвори истрага по службена должност за можен сексуален напад и нарушување на приватноста. „Постапката е во тек, а сите релевантни докази се собираат“, соопшти портпаролката на полицијата.

Социјалдемократската партија (ПСД), чиј член е Симионка, најави дека ќе реагира дури по завршувањето на истрагата.
„Го чекаме исходот од постапката што ја водат обвинителите. По официјалните резултати, партијата ќе одлучи за понатамошните чекори“, изјави Теофил Чоарба, префект на округот Бистрица-Насауд.

Случајот и натаму предизвикува бурни реакции во јавноста, а граѓаните бараат транспарентност и одговорност од сите инволвирани страни.