Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, во која учествуваа две патнички возила со скопски регистарски ознаки.
Според првичните информации, при судирот настанала значителна материјална штета, а едно лице се здобило со тешки повреди. Повреденото лице со возило на Брза помош било пренесено во болница.
Екипи на полицијата се на местото на несреќата и вршат увид. Причините за сообраќајката се утврдуваат, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.
