Синоќа околу 18:30 часот, во близина на Зелениот пазар во Тетово, е пронајдено тело на млада девојка без знаци на живот. Случаен минувач го забележал телото и веднаш ја известил полицијата.
Според првичните информации, станува збор за девојка со иницијали Д.С. (24), студентка во четврта година на студии, со потекло од Ѓаковица, Косово.
По пријавата, на местото на настанот излегле екипи од тетовската полиција и Јавното обвинителство, кои извршиле увид и ја започнале истрагата за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта.
Телото е предадено на обдукција, а надлежните институции најавуваат повеќе информации по завршувањето на истражните дејствија.