Спасен Силјановски од пред штабот на СДСМ во Кичево: Кога е во прашање Македонија, разликите се бришат
Познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски, кој во повеќе наврати јавно ја покажал својата блискост со ВМРО-ДПМНЕ, се огласи со порака за единство и заедништво во пресрет на вториот круг од локалните избори во Кичево.
На својот профил на социјалните мрежи, Силјаноски сподели фотографија пред штабот на СДСМ, придружена со порака во која повикува граѓаните да се обединат без оглед на нивната политичка припадност.
„Во единството е успехот. Убаво и природно е да имаме различни ставови по одредени прашања. Но уште поубаво е кога сме обединети за Кичево. Кога нашите разлики се бришат кога е во прашање нашиот свет дом – Кичево,“ напиша пејачот.
Објавата ја заокружи со стих од позната македонска песна:
„Ајде сите една песна, песна се македонска, дружно браќа да запееме.“
Со ваквиот гест, Силјаноски испрати порака за надминување на политичките поделби и заедничка поддршка на иднината на Кичево, потенцирајќи дека поважно од партиските бои е заедништвото и љубовта кон родниот град.