Вечерва, околу 18:30 часот, во близина на зелениот пазар во Тетово, било пронајдено безживотно тело. Според првичните информации, телото го забележал случаен минувач, кој веднаш ја известил полицијата.
Неофицијално се претпоставува дека станува збор за младо девојче, студентка во четврта година, со потекло од Косово. По дојавата, на местото пристигнале полициски службеници и претставници од Јавното обвинителство, кои вршат увид и собираат докази со цел да се утврдат причините и околностите под кои настапила смртта.
Телото е предадено на обдукција, а засега не се откриваат подетални информации за идентитетот на починатата, ниту за можната причина за нејзината смрт. Полицијата информира дека јавноста ќе биде дополнително известена по завршувањето на првичните истражни постапки.
