Денеска околу 17 часот на патот Прилеп – Градско, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила.
Според првичните информации, во несреќата животот го загубиле две лица, а уште петмина се повредени. Тројца од нив се пренесени во Општата болница во Прилеп, додека двајца се хоспитализирани во Кавадарци.
Од МВР информираат дека увид на местото на несреќата е во тек и дека дополнителни детали ќе бидат соопштени по неговото завршување.
Поради несреќата, од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива отежнато, по една коловозна лента, со наизменично пропуштање на возилата.
